Хуманитарен настан
На 22 Јуни (Недела) во Битола ќе се одржи хуманитарен Street Workout настан, со цел да се соберат парични средства за настраданите во Кочани. Освен што ќе помогнеме таму кај што е најпотрабно, преку овој настан сакаме да ја промовираме спортската култура и да ги мотивираме сите љубители на Street Workout, но и оние кои сега се запознаваат со овој спорт.
Овој настан ќе не обедини во хуманоста пријателството и спортскиот дух!
Сите собрани средства ќе бидат донирани преку официалната страна на supportkocani
Котизацијата за учество на натпреварот изнесува 500 денари.
Да се собереме во што поголем број, да донираме, да се натпреваруваме и да се дружиме!
Датум: 22.06.2025 (Недела)
Време: 09:00h
Локација: Тумбе Кафе, Битола
На натпреварот ќе има две категории:
- Машка Категорија
- Женска Категорија
Напомена:
За женската и машката категорија ќе има различни вежби. Вежбите за женската категорија ќе бидат прилагодени така што секоја натпреварувачка ќе може да ги изведе, додека машката категорија ќе има посебен сет на вежби што одговараат на таа група.